Ќе се изготвува Стратегија за развој на туризмот во општина Охрид

Објавен е тендер за избор на економски оператор кој треба да  изработи стратешки насоки со кои градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или елитен. Во документот ќе биде вклучена  и неодамна изработената научна анализа  за економскиот импакт на туризмот во општина Охрид кој го изготвија експерти од Факултетот за туризам и угостителство.  

 |  Валентина Неловска  | 

Градот ќе работи Стратегија за развој на туризмот која треба да ги вклучи сите субјекти кои учествуваат директно или индиректно во развојот на туризмот. Последното истражувања за сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна. Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ. Меѓу економските показатели еден од најпоразителните факти е податокот дека иако расте бројот на посетители во земјава опаѓала сумата од потрошувачката на пристигнатите гости. Со стратешките насоки градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или елитен.

„Тоа е процес што ни престои. Во изработката на тој документ ќе се вклучат сите страни. Приватниот сектор кој остварува доход од туризмот, јавните институции задолжени за спроведување на планскиот документ во следните 5-6 години до граѓански асоцијации здруженија кои имаат големо влијание во другите сегменти како што се заштита на животната средина, преку забелешките и препораките на Унеско и другите стратешки програми за  управување на заштитеното подрачје и т.н. “, напоменува Горан Мицкоски од одделението за ТЛЕР.

Претходниот документ од областа на туризмот имал наслов Стратегија за одржлив локален економски развој и бил со важност до 2018 година. Мицкоски напоменува дека новиот проект е во подготвителна фаза и е распишан тендер за избор на економски оператор кој ќе треба да ја изработи Стратегијата за развој на туризмот во општина Охрид .

„Стратешки документ за развој на туризмот во општина Охрид сме немале. Ова ќе е прв таков документ кој исклучиво ќе се фокусира на развојот на туризмот во општина Охрид“, кажува Мицкоски.

Последните економски истражувања на експертите ижод ФТУ покажаа дека туристичките потенцијали кои ги има земјава не се доовлно искористени. Земјава за 2 децении загубила 11 милјарди долари по основ на ноќевања. По истиот основ само 1,4 проценти остварила импакт од туризмот во националиот бруто домашен производ. Во периодот од 2000 до 2017 година биле генерирани 2 милјарди долари приход, а биле загубени околу 3 милјарди долари. Тоа е сериозна сума ако се земат предвид директните ефекти или обртот во националната економија од туризмот како стопанска дејност и се доаѓа до број од 6 милјарди долари загуба за националната економија или половина буџет од РМ , посочија експертите по изработувањето на анализата за економски импакт на туризмот во општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top