Ќе се дислоцира спомен бистата на Григор Прличев на посоодветно местo

Со тоа ќе се исправи неколку годишната неправда  споменикот на македонскиот преродбеник да биде покрај подземните контејнери за отпад. За новиот постамент се изготвува ново идејно решение.

 |  Валентина Неловска  | 

Наскоро ќе се дислоцира спомен бистата на охридскиот и македонскиот преродбеник Григор Прличев од сегашната локација пред градската библиотека во непосредна близина на контејнерите за отпад. Советниците во градскиот совет ја изгласаа предлог одлуката и ја исправаат грешката донесена пред неколку години од нивните претходници. Сега ќе се поместува спомен обележјето на посоодветно место пред Ценатрот за култура кој го носи неговото име.

„Направен е мал проект како ќе изледа во иднина. Ќе биде поставен меѓу двата влеза на градската бибилотека пред големиот изложбен салон на Центарот за култура, “инфoрмира општинскиот портпарол.

На новата локација ќе биде поставено истото спомен обележје, но ќе биде издигнато и просторот околу споменикот ќе биде хортикултурно оплеменет , онака како што доликува за да се одолжиме на нашиот великан Прличев, вели портпаролот на локалната самоуправа.

„Прашање на време е кога ќе биде преместен споменикот. Верувам до 25 март кога ќе се одбележува јубилејот 160 годишнина од наградата на поемата Сердарот. Дотогаш би требало да биде поставен и уредено спомен обележјето на новото место“, кажува Џамтоски.

Иницијативата за менување на локацијата, од сегашното крајно несоодветно место на спомен обележјето на Григор Прличев, беше на одделението за култура при Локалната самоуправа, а беше едногласно усвоена од охридските советници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top