Дебарско Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија. Не воведува давачка за фотографирање во верските објекти. Охрид станува се поатрактивен за многу млади двојки од земјава и странство токму тука да стапат во брак и заветот пред Бога да го дадат во некоја од охридските цркви.
Во јавноста негодување предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000денари. По оваа одлука охриѓани се прашуваат дали примерот со Повардарската ќе го следат и други епархии односно ваква слична давачка ќе следува и во охридските цркви.
Од Дебарско Кичевската епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија.
Од Дебарско Кичевската Епархија не ја коментираат одлуката на онаа од Повардарската епархија.
Охрид и верските објекти посебно во летниот период стануваат се попривлечни за склопување бракови на странци. Во катердалната црква Св. Софија, Св. Јован Канео и Св. Наум се почесто странци, но и мешани парови се одлучуваат да склопат црковен брак.Така Охрид има услови својот туристички потенцијал да го промовира и во насока на прекрасна дестинација за организирање венчавки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град