Кардиоваскуларните болести се убиец број еден и понатака во светот и кај нас

 Шеесет проценти од бројот на починати биле помеѓу 30 и 60 години. Превенцијата е главен влог за зачувување на здравјето од овие болести, како  и редовните медицински прегледи и контроли, препорачуваат кардиолозите.

 |  Валентина Неловска  | 

Доктор Виолета Мојсоска, специјализант по кардиологија од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” одржа предавање во рамките на Неделата на Кардиоваскуларни заболувања во ОО Црвен Крст. Д-р Мојсоска сподели информации од СЗО дека кардиоваскуларните болести и понатака се убиец број еден во светот. Во 2019 година биле регистрирани близу 18 милиони луѓе кои починале од овие болести, укажува д-р Мојсоска.

„Огромна е тоа бројка на која треба да се обрне внимание. Она што е најважно до некоја мера и страшно е што 60 посто од овие пациети се со прематурна смртност од 30 до 60 години. Границата на појава на кардиоваскуларните заболувања е намалена и ризикот се зголемува во многу порани години“.

Следењето на информации поврзани со навремената превенција и заштита од кардиоваскуларните болести се важни во запазување на здравјето. Многу млади луѓе не ги земаат сериозно кардиоваскуларните болести сметајќи дека се премногу млади за да заболат и не ги менуваат навреме животните навики, вели д-р Мојсоска.

„Најголем влог во превенцијата и промените да се користат инфорамциит за да се променат животните навики, да не се пуши, да се внимава на исхраната, на шеќерот во крвта , на крвниот притисок. Се што може штетно да влијае на здравјето да почне да се менува веднаш од денес. Со редовни контроли на лекар , може да се најде проблемот, решение има но мора навреме да се јавите  на лекар“, вели д-р Мојсоска.

Според статистичките податоци на Центарот за јавно здравје, д-р Даниела Чингоска , специјалист по социјална медицина и статистика, информира дека во Охрид процентуалната застапеност на кардиоваскуларни заболувања во структурата на вкупниот морбидитет во дејноста општа медицина процентот имал осцилации и се движел во 2013 г 27,2%, во 2018 г 19,6% и во 2019 г. 21,8%. Најчести заболувања од групата на овие болести се хипертензични заболувања со 70,8%. Кардиоваскуларните болести во 2013 година биле причина за морталитетот дури во 60% од сите случаи, а во
2018 година 68,7%.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top