Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.

 |  Валентина Неловска  | 
kanal
kanal

Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.
kanalСо оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор од Локалната самоуправа кој и кога треба да го  подигне натрупаниот отпад покрај каналот. Одговор на прашањето стигна од градоначалникот Александар Петрески. Речните канали од населбите Рача и Велество кои се влеваат во езерото повеќе од 20 години се нисчистени, а сега кога локалната се зафати со ова голема работа кај  граѓаните се создава нервоза, појаснува градоначалникот. Неговото  образложение е дека отпадот покрај каналот е оставен со намера.
„ Станува збор за тиња извадена од каналот која е оставена со намера да се исуши па потоа да се подигне. Тињата треба подолго време да се исцеди па потоа со камиони да се одведе за да нема цедење на нечистотија по сообраќајниците“, уверува градоначалникот.   
Отпадот од каналот во Горица наскоро ќе биде подигнат, ветува Петрески. Најавува дека Локалната самоуправа со исто темпо продолжува да ги чисти и другите речни канали на Грашница и Далјан кои се влеваат во водите на Охридското езеро, a кој исто така не се исчистени со години, укажува градоначалникот Петрески.   

{loadposition content9}
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top