Гласот за Градоначалник мора да оди заедно со гласот за советничката листа, порача носителот на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Јованоски напомена колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе Советот ќе биде растеретен од притисоци.
Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување, порача Науме Јовансоки Чакар, носител на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина.
Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот на градот. Затоа, колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе ќе имаме совет растеретен од секакви притисоци – истакна Јованоски.
Да не им дозволиме да блокираат изградба на градинки, школи, улици, стопирање на бесправната урбанизација, запирање на процесот за враќање на плажите на граѓаните, рече Јованоски.
Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот град, кои ќе иницираат, а нема да блокираат соработка со градоначалникот и со централната власт – додаде Јованоски на денешната прес конференција.
Јованоски ја побара довербата на граѓаните за уште еден мандат на Градоначалникот Константин Георгиески и за советничката листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град