Јога центар Охрид 3 децении постоење достапни и во пандемија

Во овој период поактивни во јогата се жените кои бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го носи пандемијата. Низ Јога Центарот Охрид поминале илјадници граѓани во текот на 3 децении од постоењето.  

 |  Валентина Неловска  | 

Јога Центарот Охрид одржува он лине часови преку почетна и напредна група во време на пандемија. Во моментов се поактивни жените за разлика од мажите. Тие бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го наметна пандемијата во последните месеци, вели Александра Јанеска, која 2 децении е инструктор по јога вежби. Јогата помага да се опуштат. Се работат техники на дишење, релаксација и се вежбаат аксана телесни положби кои помагаат во урамнотежување и хармонизирање на сите системи во телото, кажува Јанеска.

„ Иако он лине работевме со бремени жени. Последниве месеци многу им помогна во текот на породувањето. Последната жена која се породи пред околу три недели сподели дека многу лесно се породила. Во текот на породувањето им ставаат маски и е отежнато дишењето, а дишењто е многу важно во процесот на породување. Се ослободува и од стравот при породувањето и жената има повеќе физичка и психичка снага“.

Јога Центар Охрид постои 3 децении и е еден од најаразвиените и најактивните од ваков вид во земјава. Активностите започна на 10.12. 1990 кога во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа првото јавно предавање, а веќе од јануари 1991 почна со работа јога центарот, информира професорот по јога Ванчо Тасески. На почетокот клубот почна со помал број на посетители, но со ширењето на јога културата започна и широко прифаќање на јога вежбите од страна на граѓаните и установите, раскажува професор Тасески.

„Во почетокот на 90 години е интересно што во Охрид започнавме една соработка со Заводот за кардиологија, а таа сорабока трае и денес. 30 години се даваат јога часови за пациентите кои се на рехабилитација во овој Завод. Сега заради ковид ситуацијата е во пауза“.

Досега, Јога Центар Охрид имал соработки и со гинеколошките одделенија од болниците во Охрид и Струга за пренатална јога, вежбите ги прифаќале и луѓето од третото доба од Здружението на пензионери, од ОО ЦК, а Јога културата била дел и од понудата во туризмот. Се одржуваа летни часови и меѓународни семинари, вели порфесор Тасески за активностите на јога ценатро во текот на сите овие изминати години. Во текот на 3 децениското постоење низ Јога Центар Охрид поминале илјадници граѓани и туристи од различни земји од светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top