• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје

Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје

На јавна дебата се слушнаа предлози за изготвување Нацрт- Студија за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Меѓу предлозите се зонирање на езерото и замена на моторните чамци со еколошки мотори.

 |  Валентина Неловска  | 

Одржана јавна дебата во која се вклучија претставници од научната јавност, невладините организации и засегнати страни кои се занимаваат со заштита на Охридското езеро. Целта е сите засегнати страни да се запознаат и да се вклучат во подготвување на Нацрт- Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Учесниците на јавната дебата изнесле свои предлози како Охридско Езеро да се заштити како подрачје во категорија Споменик на природа. Меѓу предлозите се езерото да нема административни граници, а се дадоа и препораки за зонирање, информира Климент Нанев, локален координатор на проект.

„Во студијата беше предложено зонирање. Предложени се 4 зони, строга заштита, активно управување, одржливо користење и природна зона. Во однос на употребата на пловни објекти фокусот е ставен на користење на еколошки мотори со повисоки стандарди и замена на постоечките со нови.“

Учесници на јавната дебата биле претставници и од општина Охрид и Струга, од Хидробилошкиот завод Охрид, од струшкиот Природно научен музеј Никола Незлобински, како и меѓународните донатори од Понд, Фонд за природа Охрид- Преспа и локални невладини организации. Дебатата ја организираа Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со меѓународните организации УНЕП и Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија.Во иднина за заштита на Охридското езеро ќе може да се користат средства од разни меѓународни и домашни фондови, вели Нанески.

Во понатомошниот процес во изработката на Планот за управување ќе бидат предвидени и можност за финансирање . Планирано е да се оформи т.н тело за управување кое ќе управува со споменикот на природата Охридско езеро и за финансирање на органот за упарвување со езерто ќе се потребни финански средства. Дел ќе обезбеди државата, а другиот дел се надевам ќе ги покријат од меѓународни донаторски организации.“

Јавноста ќе може да ги доставува забелешките и коментарите на оваа работна верзија заклучно со 31ви декември. Потоа следува нацрт верзијата на Студијата која ќе биде финализирана и поднесена до МЖСПП.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top