Избрани се четири локации на кои ќе се градат подземени контејнери


Локациите се внимателно  избрани, а тендерските постапки се при крај. Ставени ќе бидат во функција  на почетокот од 2021 година. Во тек е постапка и за набавка  на специјално возило за празнење на подземните садови од новиот систем за одлагање на отпад.  

 |  Валентина Неловска  | 

На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Овие подземни контејнери кои ги набавува локалната самоуправа се од зафатнина од 3 метри кубни, заменуваат 3 контејнери од овие сегашните кои што ги имаме на овие локации. Се надевам дека ќе успееме како град и јавно претпријатие да внесеме нова димензија во подигање на отпадот и ќе имаме нова слика и за граѓаните и за туристите кои го посетуваат Охрид во текот на целата година“.

Доколку се постигнат позитивни резултати со новиот систем за одлагање на смет од домаќинствата ќе се предвидат повеќе средства и локации во буџетот за 2021 година. Во иднина ќе настојуваме да ги замениме постоечките контејнери со овој систем на одлагање на отпадот во подземни контејнери, напоменува Грданоски. Се работи за контејнери во кои е поставена квалитетна вреќа со гаранција на трајност од 2 години. Локалната самоуправа одобри и 1 милион денари средства за ЈП да набави половно специјално товарно возило за празнење на подземните контејнери. Возилото е со хидраулика, со кука ќе ја подига и празни во камионот и ја враќа вреќата на истото место.

„Тоа возило ќе биде исклучиво за таа немена. Постојаните возила кои ги имаме на располагање не одговараат за таква намена за празнење на овој тип на овие подземни контејнери. До колку имаме успешен проект и позитивни резултати во иднина ЈП со ЛС би набавиле и ново возило за непречено работење и подигање на отпадот на овој начин“.

Во тек се тендерските постапки за избор на изведувач на подземните контејнери и за набавка на специјалното возило.Се очекува до крајот на оваа година да се набави возилото, а подземните контејнери да се стават во функција на почетокот од 2021.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top