Исечено стебло кај црквата Канео

Исечено стебло кај црквата Канео.

 |  Валентина Неловска  | 
Kaneo
Kaneo

Исечено зимзелено стебло во дворот на црквата Канео. Исеченото дрво ги загрижи жителите  од стариот дел на градот и регираа до ТВМ. Твм стапи во контакт со општинскиот портапрол  Томе Џамтоски и побара одговор кој и зошто издал решение за сечење на дрвото. Портпaролот одговори дека до двете комисии и на општинскиот инспекторат и во одделението за екологија не пристигнало никакво барање и тие не издале никакво решение за сечење на дрвото. Одговор побаравме и од  Кичевско – дебарската Епархија. Kaneo

 

 

Отец Никола кратко ни оговори дека  решение за сечење на дрвото било добиено пред две години. Немаше точен одговор за датумот на издавање на решението. На нашето прашање зошто ако дрвото било опасно се чекало да се интервенира дури по две години кратко одговори заради затоа што некој не бил совесен.
Инаку,  исеченото дрво е едно од најпознатите и најфотографираните дрва од пределот Канео кое го има на сите разгледници и промотивни материјали за Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top