Инвалидите без пристап на плажа

Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет.

 |  Валентина Неловска  | 
владо
вадо

Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди.зени

Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле песоци, убаво го уредиле просторот ама инвалидите не можат да пријдат до плажата нити да се искапат во езеро.“

Проблемот на Владимир Дојчиноски го делат и повеќе негови колеги од националниот сојуз на телесни инвалиди „Мобилност Македонија“. Тие се на летување во Охрид, но им е ускратено здоволството да се капат во езерските води. Васе Милески од Прилеп, бара да се направат пристапи од бетон. Вели дека нив ги заборавиле концесионерите, државата и општината, иако државата е потписник на Конвенцијата за заштита на правата на инвалидите.

Таа конвенција за правата на инвалидите стои на хартија ама во пракса не се спроведува. Ние само сакаме да ни се подобрат условите“. владо

Дојчиноски вели, жално е тоа што луѓето не водат грижа за потребите на инвалидите, што не е случај со земјите од Европа. Тој го посочува примерот со Шпанија каде што сите субјекти во туризмот се погрижиле луѓето со посебни потреби да се почувствуваат еднакви со останатите луѓе. За да се надмине проблемот во Охрид, Сашо Точков, претседател на општинскиот Црвен крст, пред 6 години покренал проект во кој требало да се вклучат сите релеванти институции, за да најдат решение за потребите на луѓето со посебни потреби. Но, за жал иницијативата пропаднала.

Како што потенцираат инвалидите, нивниот сојуз добил ветување од Министерството за транспорт и врски, дека при издавањето концесии на плажите ќе водат сметка и за нивните потреби. Останува да видиме дали Комисијата од ресорното министерство при контролата на плажите ќе бара од концесионерите на охридските плажи обезбедување на услови и за телесните инвалиди.

{loadposition content9}


 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top