Инспекторите од АХВ изрекле 30 инспекциски мерки во јануари и февруари

Нехигиена, неизвршени санитарни прегледи, оштетувања на разладни витрини и работни површини се само дел од неправилностите кои инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина ги констатирале кај оператори со храна во охридско-струшкиот регион. Најголем дел решенија за отстранување на недоследности и  едукација на операторите, а само една прекршочна пријава. 

 |  Валентина Неловска  | 

Инспекторите на АХВ во Охридско – струшкиот регион, во првите два месеци од годинава спровеле 22 вонредни контроли кај оператори со храна од неживотинско потекло и 18 контроли кај оператори со храна од животинско потекло. При вонредните инспекциски контроли бил направен увид и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата, транспортните средства и објектите, со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, информира Велика Атанасова портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство.

За констатираните недоследности кај операторите со храна од неживотинско потекло, кои се од помал обем и се однесуваат на оштетувања на работните површини, нередовно водење записи согласно HACCP планот, неажурирани санитарни книшки, непостапување по издадено решение и изречена мерка наредба, изречени се 6 наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и 3 мерки едукација на операторите“.

При контролите биле затекнати нехигиена во објектите, неизвршени санитарни прегледи, несоодветна примена на HACCP процедурите, неотстранување на констатираните недоследности и по изречената мерка и спроведената едукација, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини.

„За утврдените недоследности изречени биле вкупно 30 инспекциски мерки издадени се 17 решенија за отстранување на недоследности, 12 мерки едукација на операторите, а поднесена е и една прекршочна пријава“.

Од вкупно реализираните контроли во јануари и февруари во земјава, во Охрид и Струга спроведени биле вкупно 238 контроли од кои 167 редовни, 35 вонредни, 36 контролни.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top