Инспекторите ги контролираа угостителските објекти и плажите во Охрид

Инспекторите ги  контролираа угостителските објекти и  плажите во Охрид

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

Инспекторите во акција ги контролираа угостителските објекти и  плажите на охридското крајбрежје. Оваа акција беше најавена уште во петокот кога претставници од Локалната самоуправа имаа средба со угостителите и концеисонерите на плажите.

ОхридТака денес во центарот на  Охрид се проверуваше фактичката состојба со поставената урбана опрема  предвидената според елаборатите. Само сопствениците кои  уплатиле средства во буџетот на Локалната самоуправа и ја подмириле давачката  според одлуката на совет може да поставуваат опрема.

Исто така, се контролираа и плажите на крајбрежјето. Се  проверуваше дали се почитуваат обврските кои произлегуваат од договорите, како на пример 60 % од плажата да се слободна површина на која посетителите може да дојдат и да си поставуваат свои реквизити,  без притоа, никој да ги вознемирува и да им нуди некакви услуги.

Според најавите од Локалната за оние кои не се придржуваат кон обврските ќе следат казни или активирање на банкарските гаранции од 1 милион денари кои ги имаат дадено.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top