Ин витро оплодување достапно и во Охрид

Ин витро оплодување достапно и во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
pzu

Методата ин витро оплодување достапна и во Охрид. ПЗУ Захриевски доби лиценца за примена на оваа метода. Д-р Иво Захариевски со стручниот  тим составен од биолози – ембринолози ги прават завршните подготвки за отпочнување на примената на ин витро фертилизација, информира гиенкологот  Иво Захариевски.

biolozi„ За оваа цел ние имаме ангажирано експерти со големо искуство пионери од оваа област. Придобивката за пациентките што оваа услуга ќе може да ја добиваат во својот град  и на мора да патуваат во други места“, вели гиенкологот Захариевски.

Германскиот брачен пар, биолози ембрионолози, Татјана и Алфред Книвалд се пионери во оваа област. Тие пред 33 години учествувале во оплодување на првото бебе од епрувета во Германија. Во сиве овие изминати години тие  направиле среќни многу брачни парови помогнувајќи им да станат родители. Татјана Книвалд вели, сме патувале во сите земји во светот и несебично сме го пренесувале тешко стекнатото знаење за оваа метода.
 
„Го предаваме она што со нашата тешка работа успеавме да го постигнеме. Мене ми е важно не само да ја пренесам  техниката бидејќи ние луѓето се состоиме од тело и душа. Мене важна ми е да ја пренесам  душата. Која е честа на нас биолозите, гинеколозите , пациентките да ни го предадат  својот генетски материјал , таа доверба не смееме да ја изневериме“, кажува Книвалд.

zaharievskiОд бројните методи кои постојат во оваа област, биологот Алфред Книвалд појаснува дека ќе ја применуваат она која што во моменот  е најактуелна во светот.

„Основна би била подготовка на пациентите на полов  однос, потоа  инсиминации кај жените кои имаат проблематични јајници,  и надворешното оплодување која се дели на спонатано продирање на спермата во клеткатат  или  новата метода која во 75 посто од случаите кај брачните парови применува иницирање на сперматозоидите во јајце клетката“, појаснува Алфред Книвалд.

Пациентиките ќе можат услугите за примена на методата ин витро фертилизација во гинеколошката ординација ПЗУ Захриевски да ја добиваат преку Фондот за здравство и приватно.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top