Илинка Ристеска од Горно Лакочереј тешко е подвижна, а боледува од најраното детство

Покрај 12 -те најразлични  операции кои ги имала во текот на животот најтешко  и паѓа  самотијата. Трошната и влажна куќарка нема кој да и ја поправи и вароса. Вели за неа и празниците и делниците се исти. Единствена помош и се волонтерите од Црвен крст и двете најблиски сосетки  кои се грижат  за барем малку да и го олеснат тешкиот живот.

 |  Валентина Неловска  | 

65 годишната Илинка Ристоска од Горно Лакочереј е тешко подвижна. Таа се бори со болест на колковите од 7- та година на животот, а се бори и со многу други тешки болести како што е карцином. Нејзиното секојдневие е исто, а за сите овие години од животот претрпела дури 12 операци кои траеле и по 4 часа. Додека можела работела во Отекс од каде што заминала во инвалидска пензија, а по смртта на нејзината мајка, живее сама. Тешко подвижна , Илинка раскажува што и е најтешко во секодјенвието.

„Најтешко е сам да си од тоа потешко нема. Најтешката клетва била да си сам во животот. Се ми е на масата за да можам да дофатам. Телевизијата ме нервира. Не можам да станам едвај и до тоалет одам. 

Трошната и влажна куќарка нема кој да и ја поправи и вароса. За нејзе се грижат двете сосетки од кои едната секојдневно и носи она што ќе го подготви за ручек. Се грижат и волонтерите од црвен крст кои и се јавуваат да прашаат како е и дали нешто и треба, а и донесле дури и дрва за огрев. Вели за неа и празниците и делниците се исти. Но не сака да го напушти скромниот дом. 

Не сакам никаде да одам, се сум видела по болниците. Услуга нема никаде. Видов од примерот на мајка ми која беше во геријатрија. Само ги земаат парите, а вистинска грижа и нега за луѓето  нема таму. Не,додека можам да мрдам“, вели Ристеска.

За грижата на осамените лица кои ги има во околината на Охрид се грижат 20 волонтери од ЦК. Од програмата за грижа на стари лица тие секој понеделник имаат по еден корисник кој го контактираат и се грижат дали нешто им е потребно, напоменува Мимоза Ставрева од ЦК Охрид.

„Имаме 40 корисници и таа бројка варира. Сите не се кориснсици на социјална помош или понизок социјален статус , но се осамени. Имаат потреба дека е тука некој за нив да се грижи, вели Ставрева.  

Едно од тие лица кои имаат потреба од помош од заедницата е и Илинка Ристеска. Таа има една единствена желба, покрај тоа да не чувствува болки за кои зема многу таблети, посакува да и се постави осветлување во близина на куќата за кое плаќа за јавно  улично одржување и да и се асфалтира уличката каде што живее. Тоа барем малку ќе и го олесни животот и нема да биде отсечена од светот за да може да дојде такси возило или брза помош.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top