Граѓаните спас од бучавата бараат и до СВР Охрид.
Голем број охриѓани бучавата која ги остава без мир и сон ја приајвувле во полиција. Пријавувале бучав аи од ценатрлното градско подрчаје и од периферните делови , информира портапролто на СВР Охрид Стефан Димоски. СВР Охрид спроведувале контроли и самостојно, но и при асистенција на контроли со наделжните служби при Локалната самоуправа, укажува Димоски.
„ Во изминатиов период имавме 7 акции. Контролите беа самостојни , но и со инспекторските служби на ЛС. При тоа во 3 објекти се коснатирани надминувања на лимитот з агласна мзуика и аналогно на тоа се поденесени прекршочни пријави. Едно е во ценатралнотоподрчеј ,а две се кон пешаќката патек акон мостот“, посочува Димоски.
Во акциите каде што се направени контроли и констаираните прекршувања на дозлолената бучавост прекршителите поминбале само со прекршочни пријави.
„ Нема одземена техничка опрема или апарти од кои се пушта музика. Само со помош на апарат фонометар се констатирани нарушувања и надминувањето на дозволениот лимит за гласна музика и се поднесени прекрошни пријави, напоменува Димоски.
Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред мир, оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева, во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 06,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. За прекршокот, на правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец кој врши угостителска дејност ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот во неговиот угостителски објект.
Соодветни пријави против правните лица и одговорните лица ќе се поднесат и од надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град