Градоначалникот ќе испитува како се вработува во охридските ЈП.
Дејан Блажески, советник од ЛДП укажува на една појава во охридските јавни претпријатија , во која раководителите праќале вработени на 70 % ,а на нивно место ангажирале подобни работници.
„ Знае ли градоначланикот колку работници од охридксите ЈП раководителите испратиле, условно кажано, неподобни луѓе на 70 посто, а истовремено ангажираат други луѓе. Кoристејќи ги прaвните лавиринти дека им требаат друг кадар на моменти прават несовесни постапки“, тврди Блажески.
Градоначалникот изненаден од ваквото посочување и допрва ќе испитува што се случува во ЈП односно дали во ваквите наводи има вистина.
„ Немам такви информации. Доколку директорите на ЈП навистина го прават ова што истакнува советникот Блажески да дојдат во текот на престојните денови да ми образложат дека тоа се случува и на нивно место вработуваат други кадри,“ вели градоначалникот.
Блажески, пак вели дека ќе се следат сите постапки и кога ќе веруваат во судскиот систем ќе поднесуваат жалби за сите законски прекршувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град