Градежните активности на Алипашината џамија се изведуваат без одобрение

Градежните активности на Алипашината џамија се изведуваат незаконски, без потребно одобрение.  Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и  Заводот за заштита на спомениците  и Музеј Охрид испратила решение со кое му наредува на муфтиството да обезбеди правосилно одобрение согласно прописите за градење

 |  инфодеск  | 

Охридското муфтивство не обезбедило градежно одобрение за зафатите на Алипашината џамија во Охрид. Ова може да се заклучи од дописот што  го испратила Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид.

Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро и носител на конзерваторското одобрение муфтиство Охрид да постапи според конзерваторското одобрение каде е пропишано дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение согласно прописите за градење.

За преземените дејствија веднаш, осносно во рок од три дена, да се извести инспекторатот за културното наследство при Управата за заштита на културното наследство.- стои во решението на Управата за заштита на културното наследство.

Од Здружението на граѓани „Совест“ велат дека со ваквото решение од  Управата за заштита на културното наследство се потврдуваат нивнитесомнежи дека градежните работи на Али пашината џамија се изведуваат без потребната градежна дозвола кои тие ги изразија уште  од самиот почеток на проектот за реконструкција на џамијата.

– Десет месеци ние како Здружение бараме да видиме одобрение за градење, Муфтството уверува дека со конзерваторското одобрение тоа се подразбира, за сега да се признае дека не се поседува одобрение за градба. Направена е штета оттаму што просторот околу џамијата, што е исто така културно наследство заштитено со закон, е ископан со тешка механизација. Сега не знаеме каква е судбината на тој дел од локалитетот. – изјави Михаил Трендафилов, претседател на Здружението „Совест“.

Здружението Совест  на прес конференција неодамна обелодени дека ќе поднесе кривични пријави против сегашни и поранешни раководители на институции од областа на заштитата на културното наследство и инспекциски органи.

Министерството во меѓувреме, чека мислење од  УНЕСКО  дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот со минаре кое е предвидено да се издига 32 метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top