Градот засега е ставен на листата на чекање за изградба на социјални станови во АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор. Оваа година нема да се градат социјални станови ни во соседна Струга, а наскоро се очекува да почне изградбата во Дебар.
Охриѓани кои се во социјален ризик ќе чекаат изградба на социјални станови следната година. Во Охрид годинава нема изградба на вакви станови иако е голем интересот на граѓаните кои бараат помош од државата за да го решат станбеното прашање, информира Благоја Грозданоски, раководител на охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата. Напоменува дека градот засега е ставен на листата на чекање за изградба на социјални станови. Социјални станови бараат самохрани родители, луѓе со ниски примања или без примања, а нивните барања се испраќаат до Министерството за транспорт и врск.Но, станови нема и не може да им се излезе во пресрет на луѓето во социјален ризик.
„Во Охрид има потреба од социјални станови. Секој ден доаѓаат граѓани со помали примања, социјални случаи. Имаме една социјална зграда од 70 станови, но да имаме уште 70 веројатно ќе ги дадеме. Цената на становите е минимална, но се работи за категорија на луѓе каде државата треба да им помогне. “
Во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени преку 134 милиони денари за изградба на социјални станови во земјава. Во АД, подрачна единица Охрид има расположение да се изградат социјални станови доколку охридската Локална самоуправа понуди земјиште сопственост на РМ, велат од АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
„Во општина Охрид се обративме пред 1,5 -2 години до Локалната самоуправа дали и тие гледаат можност за изградба на ваков тип на зграда или да ни понудат локација. Но, за жал немаме локација во Охрид за градба на таа категорија станови“.
Охридската подружница на АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор има надлежност за градовите Охрид Струга и Дебрца. Годинава нема да се градат социјални станови ни во соседна Струга. Во општина Дебар се привршуваат подготовките околу документацијата за градба и наскоро се очекува да почне изградбата на првиот блок од 23 станови од планираните 46.
Инаку, Акциoнерскотo друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата.во земјава гради социјални станови во Велес, Штип, Св.Николе и Гевгелија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град