Голем интерес за настапот на виолинистот Максим Венгеров на Охридско лето

Голем интерес за настапот на виолинистот Максим Венгеров на Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
venger

Карта повеќе се бара за  музичкиот настап на виолинистот  Максим Венгеров кој гостува вечерва на Охридско лето. Станува збор за еден од  современите музички vengerovфеномени на денешницата кој е дел од Програмата на  Фестивалот Охридско лето,кажа музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска.   

„ Задоволство  е наше  овој голем уметник  за прв пат доаѓа во Охрид. Постарите ја знаат приказната и ја пренесуваат на помладите. Со програмата  Максим Венгеров  во 2001 година беше вклучен во Фестивалот Охридско лето, но заради објективни причини настапот не се одржа во Охрид туку во Скопје. Не постои музичар кој не го паменти овој музички настан кој не го памети овој музички настан кој е репер за виолинистичка уметничка изведба“, кажа музичкиот селектор Гордан Јосифова Неделковска.

Максим Венгеров е првиот уметник  во класичната музика кој е назначен за интернационален  амбасадор vengerovна добрата волја од страна на Уницеф. На светските сцени настапува од 10 годишна возраст. Соработува со значајни светски музички имиња. Виолинистот вечерва настапува со ерменскиот пијанист Ваг Папиан. За публиката избравме дела со кој ќе покажеме  нешто посебно  што може соло виолина и едно дуо виолина и пијано, истакна Венгеров.

„ Многу уметници ми раскажувале за фестивалот Охридско лето и посебната атмосфера во Св Софија.  Среќен сум што сум денес  тука за да ја почествувам посебната енергија на Охрид“, истакна Вангеров.

Дуото виолина-пијано, Венгеров -Папиан, вечерва на  програмата ќе изведуваат дела од Бах, Франк, Иаси, Ернст, Паганини.  
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top