Георгиески: Мора да се почитуваат правото и законот

Работите конечно тргнаа од мртва точка и се постапува по напластените проблеми со дивоградбите за кои не се постапувало според законот од 2003 година навака.  Јавноста и општината да знаат дека ова ќе биде битка која ќе трае со години и не се решава за неколку дена, порача  Георгиески за моменталните постапки кои се водат за рушење на дивоградбите во Охрид.  

 |  Валентина Неловска  | 

За градоналникот Константин Георгиески нема дилема дека треба да се почитуваат правото и законот во урбанистичката сфера. Во моментов општината постапува по решенија за одстранување на нелегални градби, а при тоа се користат сите правни лекови, рече охридскиот градоначалник. Проблемот со дивоградбите, напластени со години, не може да се реши за ден- два, вели Георгиески. Од 2003 година во општината не е срушено нити едно столпче на дивоградбите, кажа градоначалникот. Покрај рушење на дивоградби во делови на градот, тој најави дека ќе се одстрануваат и сите платформи на угостителските објекти и на плажите.

„ Да толерирам бесправно изградени објекти во центар нема , но и за другите објекти на крајбрежјето ние постапуваме. Угостителите сите добија решенија за извршување вчера. Ние дадовме рок од 3 дена и ако не ги одстранат во наредните денови ќе одиме ние ќе ги одстраниме објектите. До поголемите објекти се дадени налози и по соодветна динамика во следниот период ако сопствениците не ги одстранат сами ќе постапиме ние“, дециден е Георгиески.

За опозицијата во градскиот совет, акцијата за отстранување на бесправно изградени објекти на локалната е чудна и се одвива нетранспарентно.  Ние не знаеме кои се препораките, и за кои дивоградби и постапки во Охрид се засегнати и нагаѓаме. Не знаеме зошто почна и од каде требаше да се почне но факт е дека тие дивоградби постојат во заштитениот појас и се реален проблем кој го загрозува статусот на Унеско . Но има и такви кои не го засегаат статусот  “ , смета Пецаков.

Одстранувањето на платформите од езерските води според Пецаков не е од стратешко значење за Унеско. Според нив треба да се најде компромисно решение и да се применат слични практики од други градови кои го имаат статусот заштита под Унеско. Проблемот го лоцира во тоа што во сите изминати години челниците на општината не воспоставиле директна комуникација со Канцеларијата на Унеско.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top