Георгиески: Буџетот на општина Охрид е стабилен

Буџетот се реализира според очекувањата со оглед на состојбата со Ковид 19, отценува градоначалникот Георгиески. Можно е да има ребаланс на буџетот во месец октомври. Од опозицијата во градскиот совет, на денешната седница, не поддржаа поголем број точки на дневниот ред.

 |  Валентина Неловска  | 

Општинскиот буџет е стабилен и се оставрува според очекувањата во услови на пандемијата од Ковид 19. По основ на сите приходи имаме 39,2 проценти остврување на буџетот, информира градоначалникот Константин Георгиески. Градоначалникот е задоволен од приходите кои се инкасирале во општинската каса по основ на различни даноци и надоместоци. Помеѓу приходите пооснов на днаоци и надосметоци ги посочи приходите од данок на промет на недвижности и надоместокот за уредување на градежно земјиште. Кај првиот има 43 милиони денари прилив за разлика од минатата година кога биле инкасирани 39 милиони денари, а за вториот надоместок се инкасирани 48 мил ден или 6 мил денари повеќе во споредба со минатата година. Првиот човек на ЛС и стручните служби се задоволни и од текот на капиталните инвестиции бидејќи нема реперкусии од корона вирусот. Тоа според градоначалникот се должи на доброто менаџирање со буџетските средства на општината. Во поглед на новите вработувања во општината и ЈП, Георгиески напоменува дека станува збор само за план за работа.

„Не значи дека сите вработувања ќе се остварат. Ние согласно систематизацијата во општина Охрид и ЈП должни сме да планираме соодветни кадровски  екипирања  на службите и по потреба, во следната година, сoглaсно планот ако има потрeба од наведените работни места ќе распишеме оглас“.

Од 93 точки на дневен ред на денешната седница опозицијата даде зелено светло само за неклку одлуки.Меѓу кои се намалување на бројот на ученици во паралелките во оснвоните училишта, работно време и бројот на деца во градинката, извештајот на Секторот за внатрешни работи за безбедност во сообраќајот, како и за верификација на советничките мандати на двајцата нови советници од редовите на Вмро Дпмне, Јованка Точко и Димитар Манчески. Опозицијата во градскиот совет не ги поддржаа поголемиот број од точки од дневниот ред на 46-та седница на Советот на град Охрид меѓу кои не го усвоија планот за нови вработувања во општината и ЈП.

Нови вработувања во услови кога премиерот на идната влада најави намалување на вработените во јавната администрација за 20 посто. Сите објаснувања се со зголемување на обемот на работа и позиции з а кои не веруваме дека може да се пополнат од постојните вработени“, кажа Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дмпне.

Мнозинството во советот ги усвои сите точки на дневен ред освен Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на бизнис планот за утврдување на тарифите за водните услуги за ЈП„Нискоградба“ и Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „ВОДОВОД за регулиран период 2021-2023 година, кои беа повлечени од страна на Градоначалникот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top