Фотоволтаични панели ќе се поставуваат на спортската сала Билјанини извори

Агенцијата за млади и спорт најавува подобрување на инфраструктурата на  спортските објекти во земјава. Меѓу нив е и  охридскиот  СРЦ Билјанини извори.

 |  Валентина Неловска  | 

Инвестиции во подобра спортска инфраструктута за ова година најавуваат од Агенцијата за млади и спорт. Планираат повеќе проекти во подобрување на условите за тренирање во спортските објекти во земјава. Меѓу спортските центри каде што ќе се инвестира е и охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира спорската сала Билјанини извори да се затоплува. Со инвестирање во енергетска ефикасност на спортските објекти во земјава, спортистите и публиката нема веќе да мрзнат, вели Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

„Кај нас салите не се загреваат. Моја заложба е спортските арени и објекти да се загреваат и спортистите да добијат услови какви што заслужуваат. Во првиот период се опфатени 5 сали кои ќе можеме да ги опремиме да станат енергетски ефикасни со панели, а пола со гас за тие сами да се загреваат да бидат нормални условите за работа и за натпреварување“.

Спорската сала Билјанини извори ќе се затоплува со 100 фотоволтаични панели кои ќе се постават на површина од 2900 метри квадратни. Ќе се произведуваат 8.000 киловати часови топлинска енргија и 38 киловати часови електрична енергија во текот на една година, информира Гордана Јованоска, дирекор на ЈП Билјанини извори. Тоа ќе овозможи да има големи заштеди на електрична енергија , а ќе се обезбдува и топла вода.

Таа техничка топла вода ќе се користи за затоплување на тушевите во соблекувалните. Ќе се подобрат тренинзите. Исто така, може да се користи и за отворениот базен и да ја продолжиме употребата не само во летните месеци туку да се отвори од мај до септември -октомври во зависност од потребите. Но, ќе треба дополнителни инвестиции кои ќе треба да ги вложиме. Битно ова ќе го добиеме и ќе е добар старт за подобрување на условите на спортската сала Билјанини извори“.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт покрај инвестициите во спортските сали најавува и подобрување на осветлувањето на фудбалските стадиони. Планираат да постават рефлектори со кои ќе ги осветлат темните терени и ќе ја вратат публиката да ги следи натпреварите кои би се играле во вечерните часови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top