Фармерите да ги подмират давачките кон државата па да бараат субвенции

Фармерите да ги подмират давачките кон државата па да бараат субвенции.

 |  Валентина Неловска  | 
farma
farma

Фармерите прво да ги исплатат обврските кон државата па дури потоа да  поднесуваат барања за субвенции. Оваа обврска важи и за охридските фармери. Мора да ги   подмират давачките кон ресорното министерство и агенциите за земјоделие, водните заедници и претпријатието за јавни  пасишта. 

Досега охридските фармери не плаќаа пашарина за користење на државното земјиште, но сега ќе мора да плаќаат за испаша на добитокот. Пашарината изнесува  50 денари годишно по грло за ситниот и крупниот добиток. Фармерите кои одгледуваат ситен и крупен добиток за сите информации може да се обратат  во секторот за туризам и локален економски развој во канцеларијата за администрација и стручна поддршка за земјоделие, напоменува  Раде Велјаноски. Обврските кон државата мора да се завршат до 16 март.

„ За таа цел да се склучат договорите со јавното претпријатие за јавни пасишта. Нашите одгледувачи на добиток немаат такви договори со ЈП  за таа цел ги информираме одгледувачите на овци и крави да се обратат до канцеларијата како да склучат договор и да ги подмират обврските од претходната година.“   

фарма
Инаку, охридскиот крај важи за пасивно сточарско подрачје со мал број  на сточни фарми. Оние, пак кои се определиле за оваа стопанска гранка повеќе се заинтересирани за одгледување на ситен добиток. Најголемата фарма со овци во охридско се наоѓа во селото Плаќе и брои околу  700 грла овци. Бројот на фармите, со ситна стока кои бројат од 5 до 700 грла, е околу 123,  додека бројот на фармите со крупен добиток  е многу помал. Интересот за отварање на нови  фарми како и за проширување на добиточниот фонд сепак е во пораст.

„ Од  година в година се зголемуваат земјоделските стопанства  и фарми. Со давање на субвенциите на државата има и голема заинтересираност кај земјоделците за зголемување на добитокот и на површините со засадени култури.“

Сточарите од државата добиваат субвенции по 1000 денари за овци и кози, а 700 денари за секое женско јагне или јаре. Додека за фармерите кои одгледуваат крупен добиток  финансиската стимулација е 2800 денари за крави и 1500 денари за јуници. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top