Eurostat: За над 60 посто Mакедонци луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште

Во континуитет опаѓа бројот на домашните туристи кои летуваат во туристичките центри во земјава. Со последните податоци на Евростат се добива податок дека за над 60 посто од Mакедонците  луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште.Турците и Србите се пред  Македонците од државите кандидати за членство во ЕУ. 

 |  Валентина Неловска  | 

Понатака има пад на домашните гости во земјава, покажуваат последните обработени податоци до месец мај, од областа на туризмот на Државниот завод за статистика. Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тоа го потврдува.Додава дека тоа е состојба која трае во континуитет неколку години и се должи на неколку фактори.

„ Според мене и агенцијата тоа се должи на неконкурентноста на регионот со услугите и цените. Дополнително би кажал има недостаток и од нови атракции на домашниот пазар. Инфраструктурата е друг сегмент кога е во прашање домашниот туристички пазар“, вели Јанески.

Според податоците на едно друго статистичко истражување како што е Eurostat, покажува дека дури 61,2 отсто од граѓаните на Северна Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината. Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2.

Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години.

Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците.
Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top