Со своите вешти раце и со голема љубов дава максимум од себе при создавањето креации. Посебно пленуваат креациите со вез врз кои Ќазим дава свој белег. Во своето модно ателје ги очекува сите кои сакаат уникатна и квалитетна облека.
Охридската модна дизјанерка Есма Ќазим својата уметничка енергија ја трансформира во модни креации. Среќна сум што создавам модели, а посебно задоволство ми се креациите со вез врз кои оставам свој белег каде што можам да ги истакнам и да почуствувам дека тоа сум јас Есма, вели со насмевка оваа млада дизјанерка. Есма потекнува од семејство каде што неколку генерации негувале занаетчиска уметност, почнувајќи од нејзината баба која била позната моделарка, мајка и која везела, дедо и работел бакарни производи, а татко и изработува филигрански накит. Љубовта кон занаетчиството, надополнета со трудољубивост, трпеливост и посветеност ја пратат од нејзината најрана возраст.
„Од мала сум имала око за убавото и она што вреди. Татко ми е филигранист, работи рачна работа, имам од тоа многу енергија, провокација и време да учам некои работи од него. Уметноста е во модата, филигранството, архитектурата, начин каде би Ви било најубаво. Јас ја чувствувам модата во облеката и можам да се истакнам со моите орнаменти кои ги вклопувам во еден фустан“, раскажува за својата љубов кон модниот дизајн Ќазим.
Есма цврсто чекори во приватниот бизнис работејќи самостојно во модното ателје и го живее својот сон. Оваа млада, енергична, вредна и посветена девојка по завршување на факулетот за дизајн на Американ колеџ, паралелно стекнувала работно искуство во модните студија на Елена Лука и Охридска Текстилна фабрика. Учествувала на шест модни ревии во Србија, Хрватска, Скопје и Охрид. Ќазим открива мудро и низ насмевка каде ја гледа својата иднина.
„ Јас го живеам моментот кој ми дава можност. Јас давам максимум од себе и при тоа сум среќна. Среќна сум заедно со моите клиенти. Тие ќе ми го покажат патот во иднина“, додава ведро Ќазим.
Есма Ќазим нема таргет група на клиенти. Порачува дека во нејзиното модно студио се добредојдени и ги очекува сите кои сакаат квалитетна облека и уникатно, рачно везени креации.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град