Користат асистенција на полицијата за земање на брис, а тоа е карактеристично за руралните средини во општина Струга. Во Лабуништа, денес има регистриран смртен случај на 44 годишен пациент кој претходно се лекувал во градската болница 8- ми септемви во Скопје.
Епидемиолозите се сретнуваат со предизвици и тешкотии во справувањето со Ковид 19. Кога започна епидемијата имавме помалку потешкотии, сега како се попуштаат мерките се олабавуваат и луѓето. Имаме одредени проблеми не само во Лабуништа туку и во други средини каде што луѓето одбиваат да се тестираат. Луѓето се плашат да бидат тестирани да не бидат позитивни што е апсурдно, а ние мора да се справуваме со ситуациите, вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ .
„Ние немаме друг механизам освен да побараме асистенција од полиција. Тоа се случувало на неколку пати во дел од селските средини во Струга каде полицијата асистирала додека се замале брисеви од луѓе кои имале симптоми или матичниот лекар посочил да им се земе брис. Тоа не е пријатна ситуација, но мора да го направиме за да ги заштитиме тие кои имаат симптоми, но и да се заштитат и население и околината околу нив“.
Ние апелираме и МЗ секој кој ќе пројави симптоми, е знак дека може да биде заразен од Ковид 19 и треба да побара помош од матичниот лекар или епидемилог.
„Луѓето ги кријат симптомите, доаѓаат во ситуација сами да се лекуваат, мислејќи дека ќе помине брзо, а тоа не е така. Кај некои луѓе во зависност од имунолшкиот систем, кај некои симптомите поминуваат полесно, но кај некои повозрасни има потешки симптоми и фатални последици. Кога ќе дојде до потешка клиничка слика и лекувањето е потешко и заради тоа има поголем број на смртни случувања посебно во регионот на општина Струга“, вели Точков.
За жал, во Лабуништа денес има регистриран смртен случај на 44 годишен пациент кој бил претходно хоспитализиран во скопската градската болница „8 септември“. Во Охрид, пак има 6 активни случаи, од кои за 4 се чека втор негативен резултат за да се прогласат за оздравени.Двајца пациенти се хоспитализирани во болница со средна клиничка слика.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град