Сега НУ Завод и Музеј овие наменски објекти има намера да ги препушти на користење на општина Охрид. Во општина Вевчани сувенирницата веќе е пренамената во туристички информативен центар.
Празни и напуштени се типизираните сувенирници во Охрид кои ги постави Министерството за култура пред неколку години. Објектите се покажаа како економски неодржливи иако се поставени во централното градско подрачје во Охрид и Вевчани за продажба на сувенири, информира Мишко Тутуткоски, директорот на НУ Завод и Музеј.
„Прометот кој се заработувал за да се платат луѓето кои рабоат во нив бил исклучително на ниско ниво во сите нив, во изминатите години. Буквално ги имаме оставено и не ги работиме. Разговаравме на оваа тема со градоначалникот на Охрид со кој најдовме решение и е во процедура , сакаме да ги отстапиме на градов. Градот ќе може да најде начин како да ги искористи“.
Во општина Вевчани сувенирницата е пренаменета во туристички информативен центар пред 2 години. Ставена е во функција за подобро информирање на туристите кои ја посетуваат нашата општина по нејзиното преземање од НУ Завод и Музеј Охрид, вели Сашо Јанкоски, градоначалникот на Вевчани.
„Со поднесок до Влада тие се откажаа, а ние доставивме барање и ја презедовме, за да ја ребрендираме со еден проект на УНДП за мониторирање на заштитеното подрачје Вевчански извори. Сувенирницата ја пренаменивме во туристички инфо центар.“
Тутуткоски, директорот на НУ Завод и музеј,пак, напоменува дека постоjат начин и механизам сувенирниците и во Охрид да се отстапат на користење на општината. Тие се мали објекти и за нив може да се најде подобро решение од кое ќе има економски бенефит за да се користат за некоја друга намена наместо за типизирани сувенирници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град