Една патека ќе се руши ,а друга ќе се гради од пристаниште до Канео

Една патека ќе се руши ,а друга ќе се гради од пристаниште до Канео.

 |  Валентина Неловска  | 
pateka
pateka

 

Изградба на пешачка патека и поврзување на градското пристаниште со Канео и Лабино, најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Оваа идеја е прифатена и веќе влегла во владините проекти, а се планира да се гради во две фази. Деновиве се очекува средба со општинските претставници и Министерството за транспорт и врски во врска со овој проект, информира Бакрачески.
pateka
„ Всушност со иницирање на овој проект и обезбедување средства за изградба на ваква пешачка патека за која во овој момент има поделени мислења. Поголем дел од граѓаните на Охрид одамна бараат изградба на пешачка патека покрај брегот од Пристаниште и Канео, а помал дел имаат негативно мислење. Сепак ќе оставиме да ги видиме заложбите на Министерството за транспорт и врски како ќе изгледа проектот, намената“.

Охриѓани кои ги контактиравме со резерва ја приофаќаат ваквата идеја. Реагираат дека патеката ќе ја наруши автентичноста на стариот дел на градот. Секоја урбанизација ја девастира  природната убавина, а тоа ќе се случи и на овој потег.

patekaГраѓаните зад објективот на камерата не се многу воодушевени од изградбата на оваа патека. Порачуваат дека градот има поголем број проблеми кои треба да реши други а се од витален интерес за жителите на Охрид.
Деновиве пак,  од  општинскиот инспекторат најавија дека ќе го рушат веќе постоечкиот „ Мост на желбите“.

Од локалната информираа дека мостот не е предвиден во ниту еден урбанистички план и дека е дивоградба.
Испратија најава дека наскоро ќе стартува акција за уривање на повеќе дивоградби на подрачјето на Охрид меѓу кои е и овој мост изграден пред само неколку години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top