Домска и автомобилска асистенција нови полиси за осигурување во Сава Осигурување

Домска и автомобилска асистенција нови полиси за осигурување во Сава Осигурување.

 |  Валентина Неловска  | 
сава оси

 

полисиДомска и автомобилска асистенција се двете нови полиси кои се нудат на пазарот на осигурувањето. Домската систенција е новина која досега не беше достапна на нашите простори. Полисата  се продава независно од основното домаќинско осигурување или од пожарното осигурување. За било каков дефкт во домот настанат во електричната, водоводната или канализационата  инсталација граѓаните  може преку Сава Осигурување  лесно и едноставно да го решат настанатиот проблем, информира за новата можност регионалниот шеф Ристана Николовска од Сава осигурување.

„Може да се повика асистенција од компанијата од кол центарот се пушта соодветен мајстор за настанатиот дефект да го поправи. Во еден час се што може да се поправи ќе биде поправено и компанијата ќе плати. Останатото ако  биде поголема поправка ќе биде на терен на самиот клиент. Доколку има полиса за домаќинско осигурување ќе се наплати од едната полиса за повик од кол ценатрот , а за останатата штета ќе се наплати  од другата полиса“, појаснува Николовска.    

саваПолисата за домската асистенција има промотивна цена и чини 10 евра во траење од една година, а клинтетот може да повика помош 4 пати во текот н а годината. Поволна осигурителна полиса се ниуди и со автомобилската асистенција. Клиентите со оваа полиса си обезбедуваат помош на патиштата, вечи Николовска.

„Секој клинет има осигурување кај нас може да ја изработи та аполиса .Не е битно дали има каско или автомобилско осигурување .Полистата не е врзана  само за патиштата низ Македонија туку и во  Европа и Азија каде што треба да се доплати симболичен  износ за да се повика помош за итен случај , веи Николовска.  

Возачите кои ќе ја обезбедат оваа полиса ќе може со еден повик да искокористат помош во случај на дефект на возилото, останување  без гориво , при губење на клуч и при други несакани случувања во текот на  патувањето.  
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top