Охридските одгледувачи на цреша стравуваат дека годинешниот род ќе им се уништи ако продолжат врнежите. Совет до овоштарите веднаш да се искористи првиот сончев ден за да се испрскаат стеблата и заштитат од болеста мунилија.
Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата.
„ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките против мунилија. Таа е опасна болест доаѓа до сушење на родните папки, гранки, стеблата“, напоменува Стојаноски.
15 проценти од аграрот во соседна Србија веќе трпи штета од влажниот период и поплавите кој зафатија делови од соседството, вели Стојаноски. Постои опасност и кај нас, домашните сорти цреша да испукаат, да се уништи родот, а одгледувачите да претрпат загуби ако продолжат врнежите. Очите на охридските овоштари се вперени во метереолошките извештаи од каде очекуваат вести за поволни временски услови, за веднаш да делуваат.
„ Ако навреме не ги заштитиме плодовите против скапување ќе е доцна. Да не го пропуштиме по влажниот период овој третман. Нека следува веднаш и ѓубрење на база на морски алги кои содржат аминокиселини , преку листот, да се избегнат класичните вештачки ѓубрива , со примена на природните органски ѓубрива добиваме поздрав производ и растението го зголемува имунитетот и е помалку подложно на болести“, кажува Стојаноски.
Стојаноски апелира до колегите овоштари, посебно до одгледувачите на цреша да внимаваат при бербата. Квалитетните плодови на цреша ќе влијаат и на откупната цена. Несовесните одгледувачи доколку невнимаваат при бербата ќе ја срушат откупната цена, а при тоа губат сите, подвлекува Стојаноски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град