Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
star grad
стар град

Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.
nilkolqПортпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона, а не само за Табана туку и за останатите зони кои се протегаат се до булеварот Железничка, потсети Митровиќ.  
 „Законот за Охрид после 20 години зборување за него и притисоците истиот да не се донесе од урбани интереси, конечно, е донесен од страна на  пратенците на Вмро Дпмне, кои не подлегнаа на овој притисок и го изгласаа Законот. Но, очигледно градоначалникот не може да го следи интересот на Охрид и поради други интереси не сака да го примени. Оправданието на приемр дека планот за потег на Табана  чека на негова согласност не е точно, затоа што тој план не е изгласан во Советот заради неадекватни урбани решенија на кои се спротиставивме.“

aceНа ова обвинување Петрески веднаш со контра удар.  Манипулираат со јавноста и вистината, а при тоа не  познаваат  многу работи ,  рече градоначалникот Петрески на сметка на ОК Вмро Дпмне.
„ Ме повикуваат согласно член 6 и 13 од Закон за Охрид во кој е утврден рок од една година да се донесе Дуп за целата заштитена зона. Тоа не е во Законот за Охрид туку во заштитеното старо градско јадро. Додека Законот за Охрид е нешто сосема друго и од тука е нивното непознавање. За Дуп-от ние како општина  имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски  како приоритен план да го финасираат  и изработат  тој план затоа што планот за  Охриде голем и кошта. Министерството  има во буџетот да одвои средства за вакви планови. Во нашите  финансиски програми имаме ставено дека ќе го финасира Миниетсртвото и имаме допис со барање. Штом го финасираат од Министерството планот, Дуп-от што се спомнува за Охрид, тој оди како  приоритетен и оди во една фаза за да се запази рокот од една година“, кажа Петрески.
Петрески демантираше дека го кочат овој план, а  до Министерството за транспорт и врски поднеле нови урбанистички планови. Градоначалникот појасни дека станува збор за планови што веќе 4 години седат во Министерството за транспорт и врски и неосновано им се врќани по  4-5 пати. Ние имаме потрошено околу милион евра и не можеме да ги фрлиме плановите во бунар, тие треба да се потпишат од Министерството за транспорт и врски и да ги донесеме на согласност, истакна Петрески на нападите упатени на негова адреса кои се однесуваа за Законот за Охрид .

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top