Познати спортските клубови и висината на износите кои ги добија како финансирање со таканаречените спортски ваучери. Меѓу спортските клубови од земјава спортски ваучери има и за охридскиот ракометен и фудбалски клуб. Има и неколку други спортски клубови од градот, но ги нема пливачките клубови.
Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари.
Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот на финансирање и донации во спортот, како што се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Министерството за правда и Агенцијата за млади и спорт. Доделувањето на спорстките ваучери како финансиски средства подлежат врз контрола на надлежно стручно тело во рамките на Агенцијата за млади и спорт. Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата, информира кои се критериумите при доделувањето на спортските ваучери кога во услови на пандемија беа замрени спортските активности и натпревари.
„Има федерации и спортисти кои не почнаа никави натпревари и нивните активности ќе ги земеме пред пандемијата. Тие федерации кои се натпреваруваа во масовните спортови, фудбал, ракомет, кошарка и одбојка беа без публика ќе ги земеме предвид досегашните резултати за да се опфатат како што заслужуваат. Тие што немале натпревари, не може да ги изоставиме, тие се подготвувале. Како што најавив за месец – два очекуваме враќање на спортистите на терен. Потребно е да имаме кандидати за Олимписките игри и мора да ги поддржиме сите“.
Покрај двата охридски клубови, ракометниот и фудбалскиот, спортски ваучери добија и кајакарскиот клуб Стрмец со износ од 450.000 денари, стрелачките клубови Охрид со ваучер од 500.000 денари и Лихнидос со 250.000 денари. Тенискиот клуб Охрид доби спортски ваучер од 300.000 денари, атлетскиот клуб Охрид со 220.000 денари, здружението на рекреативни риболовци спортски клуб Св. Апостол Петар 102.000 ден. Нема спортски ваучери за пливачките клубови од Охрид и Струга помеѓу скопските клубови и клубовите од Битола, Штип и Куманово.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град