Охриѓанчињата го поздравија првиот пролетен ден

Учениците на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
градинка

Голем број ученици на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта. Основците облечени во најразлични костими, со песна и смеа го разубавија и поздравија првиот пролетен ден. Децата не ги заборавија и транспарентите со кои упатија еколошки пораки до возрасните. Тие порачаа да ја чуваат животната средина.

 deca proletИ најмалите дечиња од 5-те детски градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“, на свој начин го поздравија првиот пролеттен ден. Во детската градинка „Лихнида“ најмладите покрај пригодните песнички за пролетта, засадија цвеќиња во дворот на градинката. Оваа активност е иницијатива на Советот на родителите од градинката, поддржана од членовите на клубот на млади „Ротаракт“. Иван Цветкоски од Советот на родители вели дeнешната акција е мал чекор за нас, но голем пример за децата.

За обезбедувањето на хортикултурните растенија се погрижија младите членови на „Ротаракт“. Засадувањето на цвеќињата е планирано со програмата за општо добро на заедницата, нагласува Драги Здравески, претседател на клубот.

deca prolet Директорката на ДЈУ „Јасна Ристеска“, Марина Петроска Тодоровска имформира дека со години работат на заштита на животната средина, но оваа година ја посветуваат на имплементирањето на екологијата во воспитно образовната дејност во градинката. 

 Денешната акција ја поздравуваат како одлична придобивка од соработката со Советот на родители и Невладините организации, а би сакале во иднина контактите да продолжат и да станат традиционална пракса.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top