Децата желни по школите за пливање

Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне.

 |  Валентина Неловска  | 
mal bazen
mal bazen

Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање.
deca na bazenОд пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените ќе функционираат три пливачки школи: на  Александар Маленко,  на Проф. Соња Думбалова и ПК „Охридски бранови“. Во пливачкиот клуб „Охридски бранови“ работат  двајца тренери, професорите Ристе Јанкоски и Никола  Вретоски.
Децата на возраст од 5 до 16 години се добредојдени на базените за да ги  научат пливачките техники. Цената изнесува 100 денари од час или 1200 денари месечно, вели тренерот, Проф. Ристе Јанкоски.
„ Почнуваме со тренирање од утре во 10 часот. Сите кои сакаат  да учат  пливање  ги повикуваме да ни се приклучат секој вторник, четврток и сабота претпладне од 8 до 12 часот, и попладне од  18 до 20 часот. Наша цел е  школите да станат расадник на нови талентирани маратонци и пливачи,“ кажува Јанкоски.

fotografii Пливачките базени со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ веќе неколку дена се подготвени и ги очекуваат  рекреативците и децата кои сакаат да ги совладаат пливачките техники. Одржувањето на базените е мошне скапа работа, треба чиста вода и хлорирање кое неделно чини околу 1000 евра, вели директорот на ова јавно претпријатие, д-р Боро Шаин.
Преземени се сите мерки за безбедноста на капачите  .
Цената за неограничен престој на рекреативците на базен е 60 денари дневно.
 „Во овој момент најдобро што може сме подготвени.
На базените има нови услови,  испочитувана е обврската да се обезбеди  екипа на спасители на вода за што е потпишан договор со Црвен крст, а набавен е и дефибрилатор на базенот во случај за интервенирање на службите“, укажува директорот Шаин.

Од ЈП „Билјанини извори“ нагласуваат дека сакаат да го направат што подостапно користењето на базените и за спортување и за рекреирање.  
Во однос на работата на школите за пливање, директорот Шаин, нагласува дека техничко-деловната соработка е во надлежност на пливачкиот клуб „Охридски бранови“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top