Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина

Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина.

 |  Валентина Неловска  | 

Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум.  Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ.

вино„ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што е Охридско црно кое е во фаза на исчезнување. Ова ќе е мотив луѓето да се заинтересираат и да ја ревитализираат таа сорта  да се понуди во рестораните покрај традиционалната храна, охридска пастрмка и охридско црно лесно вино кое би одговарало со автохтоната пастрмка“, кажува Соколовиќ.
Идејата за учество на натпреварот во Неготино дошла по искуството стекнато од работата на вилата Мал Св. Климент. Тие почнале на гостите да им нудат локални традиционални производи и домашно вино. Туристите   биле воодушевени од можноста да вкусат  квалитетно домашно вино.  Понудата на локални производи во охридскиот регион е на многу ниско ниво, а има простор за зголемување на истата, смета Соколовиќ.  

вино„ Што се однесува посебно на виното и до производителите на вино голем дел од лозовите насади не се обработуваат, а има голем простор за продажба на вино по локалните ресторани и хотели. Моја цел е промовирање и подигање на винската култура која ќе овозможи и поголема продажба на локалните производи во рестораните и секаде каде што се бара“, појаснува Соколовиќ.

Будимир Соколовиќ и самиот започнал да одгледува винова лоза и да откупува грозје од локланите прозиводители  автохтони сорти вино. Има и планови за отварање на винарија со сала за дегустација, во близина на вилата Мал Св. Климент. Веќе набавил од Грузија две глинени амфори од по 500 литри.
Како индивидуален винар е во постапка на регистрирање на  винарија од мал обем, согласно Законските прописи, напоменува Соколовиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top