Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за ОУ Живко Чинго.
Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото.
„ Проектот со кој се намнети средства за поправка на надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема благодарност од мое лично име, од колективот и од родителите на учениците за гестот на Црковниот одбор“, напоменува Чингоски.
Училишната зграда во Велгошти е образовна институција со современи услови за учење кои за жал многу нивни врсници од селските средини сеуште ги немаат. Училишниот менџмент досега се ангажирал со сопствени средства, но и со пари од министерството за образование да се постави фасада со термоизолација, да се замени дограмата и целосно да се реновираат 6 санитарни јазли. Исто така , да се постави нов кров, да се изгради многу потребната училница за прво одделенците, а се реконструирани и потпорните ѕидови во дворот на школото . Од школото постојано се трудат да ги подобрат условите за работа и одвивање на образовниот процес. Со тековниот градежен зафат како што е поправката на оштетените скали, на кои ќе се постават соодветни плочки, ќе се придонесе за подобрување на безбедноста на 263 -та основци кои учат тука. За поздравување е постојаната помош која доаѓа од Црковниот одбор од Велгошти кој се грижи за 13 цркви во велгошко ,и несебично помагаат за учениците од ОУ Живко Чинго.
„ Претежно одборот помага за изведување на училишнит екскурзии. Минаат година на сите 9 оддленци им беше платена половина од сумата на чинење, а на оние ученицикои не може д аси дозвиолат им беше платен целиотизнос за да не биодат иземени. Секоја а година даваат пакетчиња за учениците од првоодоление и з адецат од градинката гопокриваат печатењето на алманахот и на полуматурската вечер“, наведува Жингоски.
Од школото може да се пофалат и со целосно реконструираните училници во кои ќе се изведува кабинетска настава опремени со современи нагледни средства. Нивна намера е да набават и табли на допир за школото да биде современ училишен центар. Во исчекување се да добијат и финансиска поддршка од Локалната самоуправа за оградување на дворот со што децата од Живко Чинго ќе бидат побезбедни на школскиот имот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град