ЦЈЗ:Не се регистрирани поголеми кластери, само поединечни позитивните лица

Се полнат болничките кревети со пациенти во охридскиот  ковид центар. Од ден на ден е во пораст бројот на новодијагностицирани случаи со доминантно присуство на Британскиот сој на вирусот. Директорот на охридската болница е загрижен  за  состојбите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Секојдневно е во пораст бројот на новодијагностицирани случаи со доминантното присуство на Британскиот сој на вирусот во општина Охрид. Се полнат болничките кревети со позитивни пациенти ,а целата ситуација го загрижува и д-р Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

„Сигурно ме загрижува моменталната состојба. Имаме околу 90 пациенти од кои скоро 80 посто се на кислородна поддршка и на неинвазивна вентилација. Добро е да имаме дополнителни кревети. Модуларната болница е исполнета, ги полниме 8те новодобинеи контејнери. На интерно одделение е полно , геријатрија е полно. Правиме ротации, нервно да биде префрлено на урологија за да добиеме доплителни 20 кревети“.

Од ЦЈЗ велат дека вирусот брзо се шири поради зачестената појава на поголеми групирања во вечерните часови и во полните кафулиња и ресторани во текот на денот каде не се почитуваат во целост мерките, но и на семејни настани по домовите, особено за време на викендите и празничните денови. Посочуваат и на организирани патувања во странство заради шопинг,инфромира раководител на одделението за епидемиолошка дејност Прим.м-р сци д-р Јованка Стурлакова Коровешовска.

Во работните организации во Охрид не се регистрирани поголеми кластери, само поединечни позитивни лица кои веднаш се изолираат, а исто така и нивните контакти. Во детските градинки строго се почитуваат протоколите и до сега не е забележано ширење на инфекцијата. Се регистрираат спорадични случаи на COVID 19 во овие установи“.

Во образовните институции каде се изведува наставата со физичко присуство исто како и во во детските градинки не се регистрирани кластери, но има поединечните позитивни наставници и деца и не е забележано ширење на инфекцијата меѓу останатите ученици и наставен кадар. Моментално има 3 наставници во изолација. Се постапува согласно протоколите позитивните лица веднаш се изолираат, а исто така и нивните контакти.

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид има тестирања на Ковид 19 преку мој термин и приватни тестирања за патување во земји, кои за влез во земјата на патниците им бараат PCR тестови. Секој ден освен недела се тестираат по 40 лица преку мој термин и по епидемиолошка индикација и просечно по 70 лица за патување. Во деновите кога има летови од Охрид за Швајцарија се тестираат и над 100 патници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top