Во разни делови од градот постојат околу 20- тина јавни чешми и артерски подземни води кои постојано се контролираат. Досегашните испитувања покажале дека водата за пиење од нив е со одличен квалитет.
Се подготвува карта на јавните чешми и артерските, подземни води од кои се пие вода на јавни места во Охрид. Податоците ќе бидат достапни на веб страната на Центарот за јавно здравје, но и на мобилна апликација. Јавноста ќе има постојано информации каков е квалитетот на водата за пиење од чешмите, но и на брегот на Охридското езеро. Регистерот со податоци го подготвуваат од Центарот за јавно здравје , а ќе биде во употреба од идната пролет. Засега се мапираат артерските чешми на јавни места како кај ОУ Григор Прличев, кај Комерцијална банка и пазарот, а дополнително ќе се евидентираат и оние во приватна сопственост бидејќи квалитетот на водата зависи од многу фактори, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје.
„Се зависи од тлото ,од движењето на подзмените води, од количината на врнежи. Тоа е поврзан систем кој треба да се следи и затоа го правиме мапирањето да имаме увид кон таа област каде водата за пиење е најбезбедна каде има индикации за опасност и ризици“, вели Точков.
Службите на центарот за јавно здравје постојано ги контролираат и земаат примероци од водата за пиење од 10тината јавни чешми кои се приклучени на Проаква, но од исто толку и артерските подземни води во разни делови на градот. Досегашните испитувања покажале дека водата за пиење од нив е со одличен квалитет, информира Точков.
„До 12 метри длабочина водата е ризична и треба почесто да се анализира. Преку 15 метри, а има води и преку 20,30 и 40 метри длабочина, се со поквалитеtна вода и имаат помала можност од загадување. Тие води треба да се анализираат но, не многу често барем 2 пати годишно“, вели Точков.
Анализите од трите последователни испитувања на квалитетот на водата од Билјанини извори покажуваат дека водата е исправна за пиење. Тоа се должи на сушниот период кој го имаме во регионот, напоменува Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град