Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен

Бродот амбуланта на ОО ЦК  ќе остане закотвен. Оваа летна сезона бродот за брзи интервенции нема да плови. Институциите на локално и државно ниво не покажаа слух да ја поддржат неговата пловидба за поголема безбедност на вода, велат од ЦК Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Бродот амбуланта на ОО ЦК за брзи интервенции нема да плови по езерските води. Пловилото ќе остане закотвено и покрај потребата за подигање на степенот на безбедност на вода. Оваа летна сезона нема да функционира тим кој ќе работи на бродот, а во состав од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и капетан кој ќе управува со пловилото.Бродот амбуланта во минатото беше во функција неколку години.

„Бродот амбуланта го направи своето покажа колку на Охрид му е потребен. Наделжните не реагираа како што очекувавме. Очекуваме свеста да еволуира со што ќе стане јасно и во градот и во државата колку е битно на Охридското езеро да се има ваков пловен објект за навреме да се интервенира во одредени ситуации,“ посочува Сашо Точков прет на ОО ЦК.

Бродот амбулната покрај тимот имаше и соодветна медицинска опрема, современа опрема за комуникација за да се делува во ситуации кога факторот време е императив. Точков споредувајќи ги искуствата од европските земји укажува на потребата Охрид да има вакво пловило.Поддрша може да дадат не само политичарите туку и бизнисмените, како и луѓето кои имаат моќ да помогнат, вели Точов.

„Не мора Црвениот крст да го работи. Тие кој мислат дека е соодветен нека ангажираат. Црвен крст очекува наскоро брз глисер, донација од Германија, од соработката со Бамберг кое ќе ги направи поефикасни интервенциите“, вели Точков.

Досега, институциите на локално и државно ниво не покажаа слух да ја поддржат пловидба на бродот амбуланта за да има што поголема безбедност на вода во туристичкиот центар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top