Аутизмот кај нас сеуште табу тема

 Аутизмот кај нас сеуште табу тема.

 |  Валентина Неловска  | 
autizam

Аутизмот е голем предизвик во 21 век и за развиените и за земјите во развој,  вели др.  Владимир Трајковски, претседател на македонското научно здружение за аутизам. Реален е порастот  на деца со аутизам. Во последните 5 до 6 години се работи на подигање на јавната свест, на  сензибилизација и на медиумите и на авторитетите , подвлекува др. Трајковски. Постојат три форми на аутизам кај децата. Децата со лесна форма  може лесно да се едуцираат бидејќи 20 проценти од нив имаат нормална интилигенција, а 5 посто имаат натпросечна интилигенција. autizamИнклузијата во образованието е потешка кај децата со умерена и средно тешка форма на аутизам. Затоа е потребно да има доволен број на дефектолози кои ќе работат со нив, вели др Трајкоски. Експертот го наведува искуството во САД каде со едно аутистично дете работи еден дефектолог.

„ Но ние не сме богато општество и се претпоставува дека ако во едно одделение има едно аутистично дете треба да има барем еден дефектолог. Во некој училишта ако има повеќе аутистични деца би можело на еден дефектолог да има 3 до 4 деца за да работи со нив“, наведува Трјакоски.

 Во моментов во најдобра позиција се училиштата во Скопје. Во останатите  градови во внатрешноста еден дефектолог работи и со 20 -тина аутистични деца во училиштата . Потребна е поголема бројка на дефектолози во училиштата,па дури и дополнителна едукација на кадри.

autizamОд друга страна пак во внатрешноста  сеуште аутизмот е непозната тема. Охридскиот дефектолог Александра Апостолоска, од ЈЗУ Општа болница, од своето професионално искуство, споделува дека родителите забележуваат  посебности кај децата, но одбиваат да ги прифатат.Навреме не преземаат мерки пред се од стравот од  етикетирање на околината.

„Мислам дека за овие теми во медиумите треба да се зборува повеќе. Аутизмот или пак другите попречености не се табу теми или нешто страшно. Со секое дете со кое навреме ќе се открие аутизмот и со кое ќе почне навреме да се работи може да се постигне одреден степен на успех  за тоа да се оспособи понатака  во животот за самостојно да живее“, подвлекува Апостолоска.

Во насока на едуцирање на јавноста во Охрид ќе се организира трибина со наслов „ Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“. Организатори се  др. Владимир Трајкоски и дефектологот Александра Апостолоска, а дебатат е закажана за сабота во 12 часот  во  општинската сала.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top