Актерот Жан Луи Трентињан добитник на Златна маска
Жан Луи Трентињан, легендарниот француски актер е годинешниот добитник на Златната маска за животно остварување, која се доделува на Францускиот филмски фестивал во Охрид. Трентињан е партнерот на Анук Еме и Брижит Бардо во култните француски филмови „Еден човек и една жена“ и „Господ ја создаде жената“. Неговото име, сега се вбројува покрај Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Патрис Томас и Ив Боасе, меѓу досегашните добитници на Златната маска, која се врачува за животно остварувања на познати француски актери и режисери. „Актерот Жан Луи Трентињан ја прифати поканата за доделување на наградата „Златна маска“ за животно остварување во рамките на 5 -то јубилејно издание на Францускиот филмски фестивал во Охрид“, ексклузивно открива за ТВМ, извршниот директор на фестивалот, Зоран Вељаноски Летра.
Француската филмска кинематографија во моментов е една од врвните во светот. Филмот „Уметникот“ за 2011 година освои 5 Оскари, а филмот „Недоприливи“ ги руши сите рекорди за гледаност во светот. Во Франција само во 2011 година биле снимени 200 филмови, а 250 милиони Французи ги посетиле кино салите ширум земјата, укажува на состојбите во француската кинематографија познатиот филмски критичар Ѓоко Симјаноски. Тој дава осврт и на досегашните случувања на Францускиот филмски фестивал во Охрди. „Овој фестивал на Охриѓани им донесе извонредни филмски остварувања и средби со значајни сценаристи, режисери и актери. Охриѓани пак покажаа голем интерес за француската кименатографија,а тоа дава надеж дека публиката ќе се врати во киносалата во Охрид. Фестивалот донесе гламур, а охриѓани се почуствуваа помалку светски на црвениот тепих по кој поминаа и на средбите со многу творци на францускиот филм, вели филмскиот критичар Симјаноски.
Францускиот филмски фестивал во Охрид и годинава ќе започне на 30 јуни, а ќе заврши на 5 јули. Селекторот на фестивалот Ив Алион и годинава е насочен кон промоција на дебитански и премиерни француски филмски остварувања. Во рамките на фестивалот продолжуваат и „Езерски средби“ наменти за остварувања на соработки помеѓу француско -македонските продукции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град