Утрово најниски температури се измерени во Берово -21, Лазарополе -17, Маврово -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4…Метеоролозите и за наредните два дена најавуваат студено време со ниски утрински температури.Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник се најавуваат врнежи од снег со слаб интензитет, а од вторник ќе има постепен пораст и на утринските и на дневните температури.
Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага е почната преку сите канали на продажба од Декември 2015. Билет во еден правец чини од 85 евра, додека пак цената за повратен билет изнесува 159 евра вклучувајќи ги сите такси. Чех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањ…
Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во присуство на ктиторот-семејството Чифлиганец и голем број верници, со света Архиерејска литургија и свечена церемонија, ги осветиja темелите на новата крстилница во црквата Свети Јован Крстител, во Паркот со авион, на кејот на реката Вардар, во општина Аеродром, Скопје.Со крстилницата, што ќе се гради со донација на Македонската Православна Црква и градежната компанија Адора инженеринг, ќе биде заокружена архитектонската и религиозна целина на православниот храм, во чиј комплекс има камбанарија и фонтана. Крстилницат…
Еврокомесарот Хан загрижен поради неспроведувањето на многу реформи нотирани во извештајот на Прибе, вели дека најдобро би било се да тече според договорот од Пржино, пренесува „Телма“.„Би било одлично изборите да можат да се спроведат во овој период за кој сите се обврзани. Во секој случај барам од сите страни во земјата да се држат до договорот од јуни и од јули“.Хан сепак додава дека на средбата во Скопје бил предложен и и петти јуни како датум за изборите и дека е важно да се гарантираат демократски и фер избори, според европски стандарди. Но, европската унија е загрижена затоа што има…
Авто мото сојузот на Македонија известува дека е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патишта и планински премини и тоа: Планинскиот премин Пресека, планискиот премин Ѓавато, патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, патните правци Маврово – Дебар, Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. За останатите моторни возила задолжителна е зимската опрема, прилагодена …
Утрешната посета на еврокомесарот за проширување треба да даде одговори на неколку прашања за излезот од политичката криза, пишува „Утрински весник“.До посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со која ќе финишира исклучително значајната седмица за натамошниот развој на процесот за излез од политичката криза, остануваат уште 24 часа. Дотогаш, по се’ изгледа, ќе останат да висат двете прашања на кои директен одговор не даде ниту посетата на европарламентарната трио: Вајгл, Кукан, Ховит – дали премиерот Никола Груевски ќе ја депонира својата оставка за да може утре да се избере те…
Обуки за регистрација и паушално оданочување за охридските земјоделци ќе се одржат утре во даночното одделение на Управата за јавни приходи.Организатор е Управата за јавни приходи – Даночна академија. Обуките се без финансиски надоместок. Станува збор за еднодневна обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделци.
Да беа адвокатите во нотарските канцеларии од почеток на нотарската дејност во Македонија немаше да ни се случат ниту Бачило ниту Фиком, е еден од аргументите на адвокатите кои жестоко го бранат новиот закон за нотарска дејност.Претседателот на адвокатската комора Никола Додевски, бранејќи го законот вели дека нотарите се поставиле во системот како судии, а не се судии за да решаваат оставински постапки.Додевски ги обвини нотарите дека откако се дознало дека адвокатите и нотарите ќе ги делат трошоците адвокатската професија е нападната со измислиени хајки дека само сака да им ги земе парите…