Чех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага

Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно.

лого

Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага е почната преку сите канали на продажба од Декември 2015. Билет во еден правец чини од 85 евра, додека пак цената за повратен билет изнесува 159 евра вклучувајќи ги сите такси.
 
авионЧех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 06:00 по локално време.
 
Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од  14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00:25. Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас A319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Летовите меѓу Скопје и Прага траат приближно два часа. Чех ерлајнс (CSA) планира да оперира преку целата година.

Билетите за редовните летови на Чех ерлајнс на релакција Скопје – Прага како и дополнителните услуги обезбедени од страна на авиопревозникот, како на пример резервација на седиште во воздухоплов, ажурирање на мени во Економска класа, вишок или дополнителен багаж и други услуги, веќе се во продажба од деветти декември 2015 година. Преку интернет-страницата на Чех ерлајнс: www.czechairlines.com, преку Контакт-центарот на авиокомпанијата и претставништвата за продажба на билети, како и во мрежата на туристичките агенции и продажни места за авионски билети.   

аеродорм Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. Двете целни групи ќе може да го планираат својот престој така што ќе имаат време од два полни дена со една ноќ или еден продолжен викенд.

Пристигнувањето на новите летови од Скопје кон Прага е координирано со поаѓањето на многу редовни летови на Чех ерлајнс (CSA). Патниците кои патуваат од Скопје на тој начин ќе имаат можност да го продолжат патувањето со брз и лесен трансфер, со летовите Чех ерлајнс (CSA) до голем број на традиционални дестинации како што се Амстердам, Брисел, Франкфурт, Дизелдорф и Париз, но и многу градови во Скандинавија, како на пример Копенхаген во Данска, Гетеборг и Стокхолм во Шведска, како и Хелсинки во Финска. Од друга страна, воведувањето на редовни директни летови од Прага до Скопје ќе ја направи Македонија атрактивна и достапна за туристите од Чешка и од други земји
 
авиониПо четиригодишна пауза поради преструктуирање, Чех ерлајнс (CSA) со оваа линија се враќа на своите традиционални дестинации на Балканскиот полуостров, од каде планира да почне операции на неколку дестинации до Прага. Во летната сезона 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) планира да воведе и редовни летови до Прага од Загреб и од Сараево.

 Историски, првиот лет од Скопје до Прага на Чех ерлајнс (CSA) беше на 17 мај  2005 година. Операциите на оваа линија беа прекинати на 17 март  2012 годдина поради преструктуирање на компанијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top