Денес, 17 мај, со официјална церемонија во Солун ќе биде даден потег на проектот за Трансјадранскиoт гасовод (ТАП), кој ќе обезбеди сино гориво од Каспискиот регион за Европа.
Бугарија исто така може да се искористи од разновидноста на енергетските извори преку идната гасна врска со Грција.Трансјадранскиoт гасовод се планира да започне од турско-грчката граница, да помине низ Грција, Албанија до Италија. Тој е дел од планираниот Јужен гасен коридор, кој до Европа треба да донесе гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ азербејџанското поле на Каспиското Море.
ТАП е продолжение на Јужнокафкаскиот…
ДИК ќе побара од спикерот Трајко Вељаноски измени во Изборниот законик, поради несразмерност. Бројот на избирачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два. Во согласност со Законот за избори, бројот на избирачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист, односно бројот на гласачи не смее да отстапува со повеќе од 5% помеѓу две изборни единици.Не му сугерираат ништо на Вељаноски, освен што го повикуваат да постапи според законот. Со тоа, сепак, му даваат можност, да го свика веќе распуштеното Собрание за да може да се измени…
ДУИ денеска нема да поднесе кандидатска листа за пратеници во Државната изборна комисија, потврди Бујар Османи, портпарол на партијата, за Радио Слободна Европа. Рокот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на петти јуни истекува на полноќ, па партиите кои имаат намера да излезат на гласање треба да го сторат во следниве часови.Засега извесно е дека и СДСМ нема да поднесе листи, а слични се очекувањата и за ДПА. Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што пишуваат медиумите, кои во јавноста важат за блиски до власта, се разгледувале и правните механизми за враќање на Собр…
На полноќ вечерва истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.Од Државната изборна комисија, кажаа дека до синоќа не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници. ДИК откако ќе ги добие листите, има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Ако има недостатоци, тие ќе треба да се отстранат исто во рок од 48 часа.ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен од Министерството за вна…
Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. На овој ден во сите храмови се се изнесува на поклонение плаштеницата (покровот) што го симболизра симнувањето од крстот на телото Господово. На Велики петок Исус е погребан во камен ковчег во пештера, пред која се поставува стража и огромен камен на влезот. На овој ден во храмовите има литургии во чест на неговата смрт.Верниците на Велики петок одат во црква, минуваат два пати под масата за здравје, и ја бакнуваа…
Граѓанската асоцијација „МОСТ“ на денешната прес-конференција соопшти дека Владата и надлежните институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и кредибилни избори на 5 јуни.
Според „МОСТ“, процесот на прочистувањето на Избирачкиот список не влева доверба, а следствено на тоа и неговиот квалитет. Секој треба да е свесен дека непочитувањето на законот предвидува санкции и дека еден ден ќе се направи ревизија на комплетното работење и законитоста во постапувањето на членовите на овој состав на ДИК.
“Потенцираме дека согласно Договорот од Пржино, прочистувањето на Избирачкиот с…
Извештајот подготвен од меѓународниот експерт, Џон Арон, од ИФЕС стигнал до рацете на Алсат-М и според него од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице, а од 87.000 спорни гласачи, само 34.000 покажале валиден документ”…Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и уверување за веродостојноста на податоците кои се проверуваат. Според с…
Граѓанската организација „#Протестирам“ на својот Фејсбук профил вчера објави дека денеска нема да биде организиран протест во Скопје.
„Наместо утре, со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“.
Демонстрантите на антивладините протести во Скопје вчера стоеја со огледала пред полицајците. Граѓаните што беа во првиот ред пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон Уставниот суд.
Огл…