Официјално и ДУИ не оди на избори на 5 јуни

Од партијата потврдуваат дека нема да поднесат кандидатски листи за избор на пратеници до ДИК

 |  инфодеск  | 

ДУИ денеска нема да поднесе кандидатска листа за пратеници во Државната изборна комисија, потврди Бујар Османи, портпарол на партијата, за Радио Слободна Европа. Рокот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на петти јуни истекува на полноќ, па партиите кои имаат намера да излезат на гласање треба да го сторат во следниве часови.
Засега извесно е дека и СДСМ нема да поднесе листи, а слични се очекувањата и за ДПА. Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што пишуваат медиумите, кои во јавноста важат за блиски до власта, се разгледувале и правните механизми за враќање на Собранието и одложување на изборите.
Според неофицијалните информации ВМРО ДПМНЕ заедно со коалициските партнери ги направила листите, но останува да се види дали ќе ги поднесе до вечер на полноќ кога истекува рокот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top