Кривичниот суд му го одзеде пасошот на битолскиот градоначалник. Иако специјалното обвинителтсво бараше притвор за Владимир Талевски, кој е првоосомничен во Транспортер, судот по распитот изрече поблага мерка, пренесува „24 вести“.
„Во врска со предметот „Транспортер“ судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот.“ – велат од Кривичен. По завршениот распит Талевски ги избегна медиумите и ја напушти судската зграда од задниот влез, заедно со неговиот ад…
Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките низ државата е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт (и содржи количина на THC помалку од 0,2 %, а со две различни концентрации на CBD – од 5% и 7%), стои на Фејсбук страната од министерството.
Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да ги слушнеме на одржаните јавни дебати на оваа тема, а потоа истите ги вградивме во законско решение во март годинава. Според м…
Иако најавите беа дека се брза со следниот конкретен чекор во барањето решение за излез од политичката криза – се споменуваше дека ќе има лидерска средба веќе денеска или најдоцна утре – сѐ уште никој не потврдува оти има некаква агенда за продолжување на преговорите во ваков формат.
Засега само СДСМ проговори за неопходноста од лидерска средба, во услови кога се исполнети условите за продолжување на преговорите со одложувањето на изборите и укинувањето на аболицијата.
„Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог, со цел што е можно поитно да се договорат и исполнат условите …
Од 11 јуни годинава, листата на лекови по заштитени имиња на товар на Фондот ќе биде проширена со додавање на 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители и компании.
Со ова, вкупниот број лекови од различни производители што се достапни за осигурениците на товар на Фондот изнесува 2.010 лекови или 52% од регистрираните лекови во државата.
Придобивките кои ги овозможува Фондот со оваа измена се бројни, зголемен е бројот на лекови достапни за осигурениците преку аптеките и болниците, поголем е бројот на лекови без доплата, со тоа се зголемува и конкуренцијата на пазарот …
За надминување на кризата потребно е да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес што претстои и да не се одолговлекува со неговата имплементација, порача специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл по серијата средби во Скопје со лидерите на партиите потписнички на договорот, со државниот врв и со претставниците на меѓународната заедница.
“Добрата вест е дека има излез од кризава, а тоа е договорот од Пржино, чии принципи и начела го поставуваат патот во правец на демократија, стабилност и евроатлантска интег…
Минисерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на прес конференција го најавија новиот повик за мерката “Практиканство” која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата за околу 500 млади невработени лица.
“Станува збор за мерка која што ја реализираме во изминатите неколку години и која што е насочена кон создавање прво работно искуство за младите лица до 29 години години, за оние со завршено средно и високо образование. Ова е одлична можност и за приватните комп…
Кривичните пријави против граѓани кои фрлаат боја ги разгневи уште повеќе поддржувачите на Шарената револуција. Виe нас со кривични, ние похрабри, беше главната парола на вчерашниот протест. Граѓаните велат дека не се плашат, туку се повеќе мотивирани за да протестираат, како што велат, против неправдата. И вчера беше катапултирана боја кон Владата и кон Собранието. Соопштението кое беше прочитано на протестот најавува интензивирање на протестите. Истиот текст е веќе објавен од страна на движењата Шарена револуција и Протестирам. Граѓаните кои протестираа вчера велат нема предавање. Протест…
Специјалното јавно обвинителство се уште нема одговор од претседателот Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки, но како што инфромира обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес конференција, СЈО не ги прекинува ниту истражните, ниту предистражните постапки, пренесува „Телма“.
-Нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки, рече Ристоска, нагласувајќи дека СЈО доставил две барања кон крајот …