Основните и средните училишта денеска ја почнуваат 2008/2009 година, во која новина е воведувањето задолжително средно образование и вероучението во основно. По августовскиот уписен рок незапишани во средно останаа околу 2.700 ученици. Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), околу илјада од нив се очекува образованието да го продлжат во приватните средни училишта. За останатите уписот континуирано трае, а МОН најави стимулативни мерки за родителите кои не ги запишале децата во средно. Во спротивно ќе важи Законот за средно образование кој предвидува казна од илајад…
Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер беше почувствуван во Охрид и ноќеска. Земјотресот e регистриран во 3 часот и 45 минути, а епицентарот на земјотресот е на 6 км источно од Охрид на длабочина од 6 километри и потекнува од охридското епицентралното подрачје.Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер.Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид,…
Во организација на Министерството за образование и наука денеска во Скопје ќе започне обуката по предметот вероучение на наставниците кои од оваа учебна година ќе го предаваат овој предмет во основните училишта во Република Македонија. Обуката, како што информираат од Министерството за образование и наука, ќе се одржува во просториите на библиотеката „Другарче“.
Во рамки на манифестацијата Година на македонскиот јазик 2008, во Охрид денеска ќе биде отворен Меѓународниот македонистики собир кој ќе трае до 1 септември. Со теми од областа на македонскиот јазик и литература пријавени се 59 странски македонисти од 15 земји и 57 професори и научници од универзитетите во Македонија. Излагањата ќе бидат со тематика од развојот и современата состојба на македонскиот јазик и македонската литература во 21 век, достигнувањата на македонистиката и споредбени теми. Воведни излагања ќе имаат докажаните проучувачи на македонскиот јазик – Нуло Миниси, Петар Хр. Или…
Висока воена делегација на АРМ, предводена од началникот на Генералштабот генерал-потполковник Мирослав Стојановски, ќе претстојува во официјална работна посета на вооружените сили на Република Србија.Главни теми на разговорите ќе бидат воено-безбедносната ситуација во регионот, реформите во одбраната, унапредувањето на билатерално-воената соработка преку учество на заеднички воени вежби и размена на искуства.Делегацијата на АРМ, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе го посети Центарот за обука на АБХО (атомско биолошко и хемиско оружје) во Крушевац.
Три деца исчезнаа за десет дена, од нив нема ни трага ни глас. Откако исчезна Ангела Ѓорѓиоска, оваа појава зачести, посебно во последниве месеци. Оваа несекојдневна несоциолошка појава во земјава потсетува на раните 90-ти години од минатиот век, кога се случија низа исчезнувања на деца за кои се уште не се знае дали се живи и здрави. Според анализите, од самостојноста на земјата мистериозно се исчезнати дваесетина деца, а никој, па дури ни полицијата, не знае каде се.Се почна пред две недели кога седумгодишниот Мидат Ибраими мистериозно исчезна од скопското село Средно Коњаре, а 10 дена по…
Македонија од утре до сабота ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од УХМР најавуваат дека температурата некаде ќе достигне и над 40 степени.Поради ова, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во детските градинки да не ги изнесуваат децата …
Загина Македонец кој живее во Италија при несреќа на работа, објави порталот 24инфо.
Како што пренесува порталот, трагедијата се случила во селото Сончино каде што во раните претпладневни часови животот го загубил З. Г. (52) авто-превозник кој бил згмечен од портата на фармата каде што дошол да достави храна. Македонецот, починал на самото место на несреќата, иако веднаш стигнала екипа на итната помош.
Според истражителите, несреќата може да се должи на огромен број фактори кои допрва треба да се испитаат.