Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа. Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ.Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“). По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила во базата во Таџи.„Сите припадн…
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола.Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола, со врачување на Специјалната награда „Златна камера 300“ на израелско-американскиот продуцент и режисер од Холивуд Менахем Голан, кој е и член на фестивалското жири. Надвор од натпреварувачката програма вечер ќе биде прикажан британскиот филм „Другата Болејн сестра“. Годинава фестивалот првпат ќе се одржува и во …
По повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, Факултетот за туризам од Скопје организира дводневен Меѓународен симпозиум на тема „Туризмот во 21-от век“. Симпозиумот е прв од ваков вид што се организира во Македонија и на него ќе учествуваат професори и експерти од областа на туризмот од странство и од Македонија.Целта е размена на знаења и искуства со оние земји кај кои туризмот има огромно позитивно влијание на севкупното стопанство.
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNKTAD), објавен доцна синоќа во Женева.Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се намалил во споредба со 2006…
Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ.Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина од 2.8 степени, на кој му…
Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји. Нимиц по средбата со претседателот Бранко Црвенковски што се одржа доцна синоќа по македонско време во Њујорк, не прецизира дали на следната рунда разговори ќе излезе со формален предлог. „Ќе разговарам со претставниците на двете земји и ќе решиме што ќе правиме. Ако има нов предлог ќе бидете известени“, рече медијаторот. Уште еднаш повтор…
Владата на Република Македонија денеска ќе потпише договор со турската компанија „ТАВ“ за давање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго аеродром во Штип. „ТАВ“ беше единствената компанија што се пријави на владиниот тендер за давање под концесија на македонскиот аеродромски систем. Во наредните 20 години, колку што треба да стопанисува со аеродромите во земјава, „ТАВ“, како концесионер, е обврзана комплетно да ги реновира скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради карго аеродром во Штип како алтернативен за потре…
Претседателот Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски учествуваат на генералната дебата на 63. Генерално собрание на ОН што од денеска до 27 септември се одржува во Њујорк.Црвенковски и Милошоски ќе учествуваат и на повеќе други форуми во рамките на Генералното собрание на Светската организација, а ќе имаат и серија билатерални средби. Шефот на државата денеска ќе се сретне со претседателите на Турција и на Србија, Абдула Ѓул и Борис Тадиќ, а шефот на дипломатијата со министрите за надворешни работи на Шведска и на Словачка, Карл Билт и Јан Кубиш, како и со пр…