Окт 21, 2008

Во Охрид состанок на првите луѓе на полициите на земјите од регионот

Првите луѓе на полициите на земјите од регионот денеска во Охрид ќе го започнат  тридневниот работен состанок чија цел е продлабочување на меѓународната соработка во справувањето со недозволената трговија со дрога и со луѓе, како и за размената на информации и искуства во борбата против тероризмот. На регионалниот состанок чиј домаќин е македонското МВР, односно директорот на Бирото за јавна безбедност, генерал Љупчо Тодоровски, поканети се директорите на полициите на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија.Како што информира МВР, Тодоровски на со…

Окт 20, 2008

Основање на Националната фондација за трансплантација

Денеска во Скопје ќе со одржи Свечена манифестација по повод основање на Националната фондација за трансплантација (НФТ).Предвидено е на настанот да стане збор за на НФТ и неговата мисија, како и за досегашниот прогрес во развојот на трансплантација на органи во Македонија.Според најавите пред присутните ќе се обратат Жан Бернар Оте – Амбасадор на Меѓународната асоцијација за детска трансплантација (IPTA), Жан Леру – Амбасадор на Европската асоцијација за трансплантација на органи (ЕSOT) и Перо Петровски – Директор на Клиниката за детска хирургија. 

Окт 18, 2008

Проект на владата на Р.М. „Ден на идеи“

Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“.Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните на Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на секојдневното живеење и д…

Окт 17, 2008

„Космофон“, оди на продажба , одлучи Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата го прифати предлогот со продажба на „Космофон“  да се надмине состојбата со доминантната концентрација на пазарот на мобилна телефонија во Македонија што се создаде откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ. Со купувањето акции во грчки ОТЕ се создаде нарушување  на конкуренцијата на македонскиот пазар на мобилната телефонија бидејќи „Космофон“ е фирма ќерка на ОТЕ, а „Т – Мобиле Македонија“ фирма ќерка на „Дојче Телеком“. Двете компании сега поседуваат повеќе од 40 проценти на пазарот на мобилна телефонија, што е спротивно со Законот за заштита на кон…

Јул 24, 2017

Регулаторната комисија за енергетика со нови цени на горивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ поскапува за 0,50 денари по литар, а цените на  ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизел горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и натаму ќе се продава за 62,50, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 47,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35,50 денари за литар.За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 23,681 денари.

Окт 16, 2008

Една година без Тоше

Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески.Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца.Според православните верски обичаи и желбата на семејството Проески, претпладнево на Гумење во Крушево пред вечниот дом на Тоше ќе биде одбележан помен за неговото прерано заминување.Денешниот настан го одбележува и маратонот, што со пораката „Те сакаме сите“.од Нов…

Окт 15, 2008

Средба на Груевски со Шефер и Вокер

Македонскиот премиер Никола Груевски ја продолжува посетата на Брисел.Според најавите, Груевски денеска треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Шефер, како и со новиот американски амбасадор во НАТО Курт Вокер.Се очекува македонскиот премиер да ги информира соговорниците за напорите што ги прави Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО, како и за последните случувања со леринско, кога грчката полиција приведе припадници на македонското малцинство и неколку македонски новинари. 

Окт 14, 2008

Вицепремиерот Боцевски ќе се сретне со британскиот министер за Европа Каролин Флинт

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Лондон ќе се сртене со Каролин Флинт, министер за Европа во британскиот Форин офис. Целта на посетата на Боцевски на Лондон е да се информираат британските високи претставници за политичката ситуација во Македонија, за напредокот што земјата го има постигнато во испонувањето на осумтте одредници на Европската унија, а особен акцент ќе биде ставен на визниот режим. Имајќи го предвид напредокот што земјава го има направено во однос на исполнувањето на обврските од одредниците и во насока на подобрување на политичкиот дијалог…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top